Три лица фатени со килограм чист кокаин и гасен пиштол
На 29.11.2024 во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(43) и Р.С(33), двајцата од Велес.
При претрес во домот на С.Т.(49) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, во присуство и на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., биле пронајдени и одземени еден килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол “зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети. Д.С. и Р.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по насоки на јавен обвинител на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини.
Извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”,” предвидено по член 215 од КЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Французин уапсен со кокаин вреден 13 милиони…
Холандските власти уапсија 30-годишен Французин во петокот…
Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин
Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…
Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…
6-годишно дете по грешка го уби својот…
МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…
Грчките служби спречија пренесување на кокаин од…
„Kланот „Америка“ е најдолговечниот, веројатно најмоќниот, но…