Три пријави за семејно насилство, скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата
Од МВР информираат дека двајца мажи се уапсени за семејно насилство во последното деноноќие.
-На 11.04.2026 во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Во Велес пак момче ја нападнало својата сестра.
-На 11.04.2026 во 23:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 24-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 28-годишна сестра и им се заканувал на останатите членови на семејството. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Карпош пак сопруга била пријавена за напад на сопругот.
-На 11.04.2026 во 23:06 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж од Скопје пријави дека околу 17:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…
Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…
Лишен од слобода насилник од охридско, во…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
Агресивен зет со тврд и остар предмет…
Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…