Три руски авиони го нарушија воздушниот простор на Естонија
Три руски воени авиони во петокот го нарушиле воздушниот простор на Естонија, членка на НАТО, во траење од 12 минути, соопшти нејзината влада, оценувајќи го инцидентот како „невидено дрско навлегување“, објави Ројтерс.
– Русија веќе четирипати годинава го наруши естонскиот воздушен простор, што само по себе е неприфатливо, но денешното нарушување, кога три борбени авиони навлегоа во нашиот воздушен простор, е невидено дрско. Сѐ поголемото тестирање на границите и агресивноста на Русија мора да добијат одговор во форма на брзо зајакнување на политичкиот и економскиот притисок – изјави министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахкна.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, го осуди инцидентот како „исклучително опасна провокација“.
„Ова е трето такво нарушување на воздушниот простор на ЕУ за неколку дена и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. ЕУ стои во целосна солидарност со Естонија. Путин ја тестира решителноста на Западот. Ние не смееме да покажеме слабост“, напиша Калас на социјалната мрежа „Икс“.
Калас изјави дека е во блиска комуникација со естонската влада.
Исто така, фрагмент од руски дрон „Гербер“ е пронајден на плажа во Латвија, додека, пак, делови од ракета, веројатно употребена за соборување на еден од овие летала, се откриени во Полска, објавија локалните власти во четвртокот и во петокот.
Овие настани се случуваат нешто повеќе од една недела откако повеќе од 20 руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор ноќта меѓу 9 и 10 септември, по што НАТО авиони собори дел од нив, а западни официјални лица изјавија дека Русија ја тестира подготвеноста и решителноста на Алијансата.
Нарушувањето на воздушниот простор се случува три дена по завршувањето на заедничките воени вежби на руските и белоруските сили, наречени „Запад 2025“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три руски авиони го нарушија воздушниот простор…
Три руски воени авиони во петокот го…
Србија преговара со Русија за изградба на…
Српските власти и руската државна корпорација Росатом…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Лавров: Дрската Европа нема место на преговарачката…
Киев и Европа се обидуваат да го…