Три случаи на семејно насилство пријавени во полиција

t

Во полиција вчера и утрово биле пријавени три случаи на семејно насилство.

Како што информира МВР, во првиот случај утрово, во 1:00 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена пријавила семејно насилство.

Според пријавата, жената синоќа околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзините сопруг А.И.(46), свекрва С.И.(71) и золва А.И.(43), сите од Скопје.

Во вториот случај, пак, вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, 77 – годишна жена пријавила дека околу 13.50 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг П.Х. од Скопје.

Во денешниот МВР-билтен се наведува дека СВР Охрид поднел кривична пријава против У.Д.(42) од Република Албанија, со привремен престој во Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

На 1 ноември 2023 година во домот во Струга во кој престојувале, пријавениот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.  

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Притвор за тројца мажи кои претепале две…

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…

Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…

Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Приведено лице по распишана потерница за доиздржување…

Денеска (08.12.2023) полициски службеници од Полициската станица…