Трогателно писмо од мајка до ќерката Ивона, чиј живот згасна во „Пулс“ во Кочани: „Да те гушнев уште еднаш, да ти кажев колку те сакам“

t

„Ќерко моја, Ивона, ќе ти пишувам, иако те нема. Недостига твојот мирис, твојата коса, начинот на кој велеше „Мамо, не грижи се“ или „Тато, ќе биде сè во ред“. Сега јас зборувам со ѕвездите“ – пишува во емотивното писмо Стојка Иванова Антова, која остана без својата ќерка кобната вечер на 16-ти март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Стојка Иванова Антова е една од мајките која по кобниот 16-ти март и трагедијата која се случи во дискотеката Пулс во Кочани, остана без своето чедо, како и многу други родители по несреќата во која згаснаа 62 живота.

Ќерката на Стојка и нејзиниот сопруг Тошо, Ивона, го загуби животот на 21 година и остави длабока празнина, тага и болка во срцето на нејзините родители, семејство, пријатели.

На својот Фејсбук профил ожалостената мајка постојано објавува фотографии, видеа, моменти од нејзината никогаш преболена ќерка, но и планинарски подвизи кои ги прават со сопругот во нејзина чест, бидејќи таа била планинарка.

trogatelno-pismo-od-majka-do-kjerkata-ivana-chij-zhivot-zgasna-vo-puls-vo-kochani-barem-da-te-gushnev-ushte-ednash-da-ti-kazhev-kolku-te-sakam–06.jpg

„Ивона беше девојка што живееше со срце полно на сонце и радост. Од мали нозе, таа секогаш беше онаа што прва го започнуваше секое дружење, секоја забава.

Се смееја со неа, ја сакаа заради нејзината искрена насмевка и ведар дух, што ги носеше како топол ветар во студен ден.

Беше планинарка, љубеше ги височините и чувството на слобода што го даваше секоја нова патека. Во нејзините очи светлеше љубопитство и желба да ги освојува световите – не само планините, туку и луѓето околу себе.

Пишуваше песни што ги изразуваа нејзините чувства и соништа, зборуваше повеќе јазици, и секогаш беше подготвена да помогне, да пружи рака. Никогаш не знаеше да каже „не“ — затоа сите ја сакаа и ценеа“ – пишува на Фејсбук нејзината мајка.

Во последната објава, таа напиша емотивно писмо до ќерката, чии зборови ќе допрат длабоко до сечија душа.

Прочитајте го во продолжение:

„Ќерко моја, Ивона, ќе ти пишувам, иако те нема.

Ќе ти зборувам како некогаш — со тивок глас, со треперлива душа, како кога спиеше покрај мене, а јас те гледав и си велев: „Благодарност е што те имам“.

Зошто замина прерано, душо? Зошто не ми кажа: „Ќе одам“? Барем да те гушнев уште еднаш, барем да ти кажев колку те сакам — не само еднаш, туку илјадапати.

Сега само сликите ме гушкаат, песните што ги пееше ми ѕвонат низ тишината, а планините… тие сè уште ја носат твојата сила.

Секој врв е твоја победа, секој цвет покрај патот е твоја насмевка.

Се сеќавам, Ивона, на денот кога првпат рече „Ќе бидам моден креатор“.

Со тие очи што сјаеја како ѕвезди, со срце што никогаш не одбиваше никого. Ќерко, ми недостигаш.

Недостига твојот мирис, твојата коса, начинот на кој велеше „Мамо, не грижи се“ или „Тато, ќе биде сè во ред“. Сега јас зборувам со ѕвездите.

Гледам во небото и велам: „Онаа најсјајната – таа е мојата Ивона“.

Те носам во секој здив, во секоја солза, во секое утро и секоја ноќ. Љубовта не умира, ќерко.

Таа живее, во мене, во сите што те сакаа, и ќе те сакаат… засекогаш.

16.03.2025 НЕПРЕБОЛ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трогателно писмо од мајка до ќерката Ивона,…

„Ќерко моја, Ивона, ќе ти пишувам, иако…

Прекината потрагата по 16 годишното дете во…

-Во моментов Дежурниот оперативен центар на ЦУК…

Скандал во германскиот парламент: откриен нацистички симбол…

Во парламентот на германската сојузна покраина Баден-Виртемберг…

За интерпелацијата на Коцевски ќе се расправа…

За интерпелацијата за работата на јавниот обвинител…

Американецот со албанско потекло кој го придружуваше…

Илир Руси, Американецот со албанско потеклоод Дебар,…