Тројна победа за пливачите на Вардар 2018 на меѓународниот маратон во Косово
На меѓународниот пливачки маратон „2025 International Swimming Marathon”, што се одржа на 27 јули во Батлава езеро во Косово, тројцата шампиони, членови на пливачкиот клуб Вардар 2018 блескаа и донесоа голема победа дома.
Петар Цеков (2008) освои прво место во апсолутна категорија на 5 километри. П. Цеков доминираше во трката, победувајќи ги сите сениори и покажа светска класа.
Никола Велковски (2010) беше првопласиран на 2.5 км (категорија 2007–2010). Иако најмлад во групата, Велковски исплива фантастична трка и со храброст и техника стигна прв на целта.
Влатко Цеков (2012) освои прво место на 2.5 км (категорија 2011 и помлади). В. Цеков, со само 12 години, покажува дека иднината на македонското пливање е светла – победа со стил и сигурност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројна победа за пливачите на Вардар 2018…
На меѓународниот пливачки маратон „2025 International Swimming…
Се трага по 16-годишно девојче во Вардар
Денеска, во 16:42 часот, на бројот за…
Министерство за правда на Косово: Околу 33…
Косовското Министерство за правда објави дека од…
Османи: Србија често се обидува да го…
Косовската претседателка Вјоса Османи денес во Рига…
КФОР ниту потврди ниту негираше дека Трамп…
КФОР ниту ги потврди ниту ги негираше…