Тројцата Срби кои загинаа во конфликтот во Бањска денеска ќе бидат погребани
Тројцата Срби, Игор Миленковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Стефан Недељковиќ, кои загинаа за време на конфликтот со припадниците на косовската полиција на 24 септември во Бањска, денеска ќе бидат погребани.
Миленковиќ ќе биде погребан на гробиштата во Граничане, Мијаиловиќ на Новите гробишта во Лепосавиќ, а Недељковиќ во Врњачка Бања, објави Косово онлајн.
Нивните тела семејството ги однело вчера од Институтот за судска медицина во Приштина, каде што била извршена обдукцијата.
Во конфликтот во Бањска почина и припадникот на косовската полиција Африм Буњак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…