Објавено на:

Тројца загинати и девет се повредени при уривање на хангар на аеродром во Ајдахо

t

Три лица загинаа, а девет се повредени синоќа откако се урна хангар во изградба на аеродромот во градот Бојси во американската држава Ајдахо, јавуваат американските медиуми.

Според полицијата, пет лица се во критична состојба.

Хангарот, како што се наведува, бил во приватна сопственост.

На прес-конференција, противпожарната служба соопшти дека се чини дека уривањето на зградата предизвикало и пад на кранот, но тие сè уште ја истражуваат причината.

„Вечерва дојде до катастрофално уривање на метална конструкција на градилиштето. Тие кои први реагираа нашле ужасна сцена и вредно работеа на обезбедување и спасување на жртвите“, рече шефот на одделението Арон Хамел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…