Тројца кандидати за наследник на Зекири како генсек во Владата

t

Кој ќе го наследи Мухамед Зекири на позицијата генерален секретар на владата? Зекири си поднесе оставка откако беше осомничен за злоупотреба на службената дејност при склучување на тендер во 4 очи за физибилити студија за Македонски пошти, со што се сомничи за злоупотреба на 940.00 евра.

Според „Фокус“, во најтесна конкуренција за негов наследник биле неколку лица меѓу кои Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Магдалена Филиповска – Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет и Методија Димовски, член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето.

Според Фокус, најсеризен кандидат за да го замени Зеќири е Методија Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…