Објавено на:

Тројца повредени откако возило излета од автопатот Тетово – Скопје

t

Возач и двајца сопатници се повредени откако со возило излетале од автопатот Тетово- Скопје денеска околу 14.55 часот. Несреќата се случи на влезот пред Тетово.

-Во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Скопје -Тетово, пред влезот во Тетово, патничко моторно возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(18) од тетовска Мала Речица, излетало од коловозот. По несреќата, возачот и двајцата сопатници, Е Ј.(21) и малолетник од истото село, се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…