Тројца полицајци повредени во сообраќајка кај Струга

t

Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и „опел“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на М.А.(52) од Струга.

– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на опелот, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Патниците во полициското возило, Д.П.(29) и Д.К.(28), двајцата од Скопје и Д.Ј.(31) од Куманово, се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. За карактерот на нивните повреди ќе следува дополнителна информација, изјави Димоски.

Увид на местото на незгодата вршат полициски екипи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…

Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

„Скандинавскиот” премиер балкански манипулира – му порачаа…

Независните граѓански иницијативи ја искоментираа денешната изјава…

Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…

Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…