Трудо воведува нови санкции за Русија
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата земја ќе воведе нови санкции кон Русија и ќе испрати уште четири борбени тенкови Леопард 2 во Украина.
Новите санкции ќе бидат насочени против 129 лица, вклучително и заменици-премиери на Русија и други државни функционери, како и против 63 ентитети, изјави Трудо пред новинарите, пренесува Ројтерс.
Канада ќе и помогне на Украина и со оклопно возило за поправка на тенкови, а Киев ќе добие и повеќе од 5.000 парчиња муниција од Отава.
„Владимир Путин сериозно погрешно пресмета кога ја започна својата агресивна војна“, додаде Трудо.
Според канадскиот премиер, Путин ги потценил Украинците и солидарноста на пријателите на Украина ширум светот.
Денеска сме посилни и пообединети од кога било, заклучи Трудо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…