Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува во политичката историја – ова се предлозите за нови министри во владата на Ковачевски

t

Две актуелни пратенички и една поранешна ќе станат дел од новиот владин состав? Се работи за актуелните пратенички Славјанка Петровска како и Бисера Костадиновска Стојчевска која беше дел од скандалот со гласање во Собранието на пратеници во скафандери позитивни на Ковид 19.

Меѓу новите министерки ќе биде и поранешната пратеничка Славица Грковска како и актуелна директорна на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска.

Според нашите извори меѓу новите министри ќе биде и еден професор од Правниот факултет, Јустинијан Први, кој ќе го завземе министерството на Маричиќ, Никола Тупанчевски

Бојан Маричиќ ќе замине од министерството за правда и ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции, а нов министер за правда ќе биде професорот Тупанчевски.

Според наши извори Петровска треба да го превземе министерството за одбрана од Радмила Шекеринска, Јована Тренчевска ќе биде нов министер за труд и социјала на местото на Јагода Шахпаска. Грковска ќе биде нов вицепремиер за борба против корупција, а екс генералниот секретар, Љупчо Николовски се враќа во министерството за земјоделие.

Бисера Костадиновска ќе биде новиот министер за култура. Спасовски, Бочварски и Битиќи остануваат на своите досегашни позиции, односно министерски места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…

Радио МОФ објави снимка на која се…

Нема веќе молк, нема повеќе страв –…

Нема веќе молк, нема повеќе страв -…

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…

Владата на Република Македонија преку соопштение упати…