Тупанчески најави нов Кривичен законик и нов Закон за помилување

t

„Во моментов се работи на нов Закон за помилување. Овој закон, кој се изработува со експерти, комисии, вклучена е и Управата за извршување на санкции, ќе ги постави маргините и нема да се остави простор за погрешно толкување на некоја одредба“ кажа министерот за правда, Никола Тупанчески во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека досега сме биле сведоци каде што при помилувањата се правеа одредени злоупотреби и имаше отстапувања од самиот институот помилување.

„Исто така се работи и на нов Кривичен законик, кој меѓу другото, посебен фокус има на конекциите со Европскиот суд за човекови права“ кажа Тупанчевски.

Тој додаде дека Кривичниот законик е донесен одамна, а во меѓувреме има 37-38, како што кажа, крпеници, од кои добар дел се прави инстантно и на дневна основа, со одредени политички цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Барањето за ветинг на политичарите е…

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…