Тупанчески: Она што го кажа Фон дер Лајен влева надеж дека сме на вистинскиот пат по кој се движиме во однос на реформите во правосудниот систем
Министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното гостување во дебатната емисија 24 Анализа рече дека она што го кажа претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен на прес конференција влева надеж, оптимизам дека сме на вистинскиот пат.
-Траекторијата по која се движиме во моментов е вистинската патека до која што треба да се стигне.Извештајот за напредокот во нашата држава е компломентарен и содржи повеќе сегнменти.Посебно се апострофирани неколку корпуси на прашања, едниот од нив е правосудниот систем , вториот корпус на прашања се однесува на борбата против корупцијата , третиот корпус е борба против организиран криминал и четвртиот , тероризмот и насилниот екстеремизам. Значи сублимат или заедничка карактеристика на сите овие подрачја што ги спомнав е дека има умерено подобрување”,рече Тупанчески.
Министерот за правда се осврна и на реформите во правосудниот систем кои според него не може да се случат преку ноќ, но сепак се интензивирани и се очекуваат конкретни резултати.
-Република Северна Македонија се наоѓа на 63 место од 140 држави според „Индексот на владеење на правото” на вашингтонската невладина организација ,,World Justice Project” што е за едно место подобро рангирана во споредба со минатата година кога бевме на 64 место,потенцира Тупанчески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…