Тупанчески се сретна со Македонката министерка во Словенија: Поддршка во процесот на дигитализација
Министерот за правда Никола Тупанчески во Љубљана се сретна со словенечката министерка без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух.
Емилија е Македонка која живее и работи во Словенија, жена чиј капацитет за жал го искористува Словенија, каде што таа е министер, а не родната држава Македонија.
Како што соопшти Министерството за правда, Стојменова изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.
Министерот Тупанчески ја информираше Стојменова за дигитализацијата во нашиот судски систем, што ќе биде предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција.
На средбата, како што се наведува, беше нагласена потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите.
Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област, нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес .
-Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ, се вели во соопштението од Министерството за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скрши 11 ребра: Мисицата Емилија Розман е…
Поранешната мис на Македонија, моделката и инфлуенсер…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…