Туристички град со светско наследство не смее да изгледа како класичен панаѓур, со лесковачки скари, боксови и палачинки
Охрид, 14. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од ОО на СДСМ од Охрид реагираат на последната изјава на Пецаков, во која тој ја коментира туристичката сезона и тврди дека „светските метрополи работат по истиот принцип“ и дека се работи само за два месеци, мора да се укаже на неколку неточности и пропусти.
– Не се два месеци, туристичката активност и економските договори не траат само во јули и август. Договорите со закупците на тезги и куќички често се на подолг период. Потребно е да се проверат фактите пред да се изнесуваат вакви генерализирани тврдења.
– Не се работи за тоа „колку ќе издржиме“, туку за автентичност на градот. Граѓаните не се против економска активност туку бараат зачувување на автентичниот лик на Охрид. Туристички град со светско наследство не смее да изгледа како класичен панаѓур со лесковачки скари, боксови за игри и американски крофни.
– Намерата при поставување на куќичките. Куќичките од типот на оние на плоштадот се воведени пред повеќе од 5 години со цел да се уреди и облагороди одреден простор, а не да се претвори центарот на градот во импровизиран вашар.
– Недоследност во изјавите. Градоначалникот во едни изјави тврди дека не му е пријатно ваквото решение, а во други дека е горд на тоа. Ваквата недоследност создава конфузија и остава впечаток на двојни стандарди.
– Угостителите плаќаат цела година. Никој не сака да го намали профитот на локалните угостители, но тие заслужуваат инфраструктурно и естетски подобро решение на соодветна локација, кое нема да го нарушува изгледот на Охрид.
– Навистина не знаеме кои светски дестинации и метрополи со ваков принцип на работа ги посетил градоначалникот, но Охрид е туристички бисер и град под заштита на УНЕСКО и секако заслужува туристички концепт кој ќе ја задржи неговата автентичност и ќе го подигне квалитетот на понудата. Наместо хаотични панаѓури во центарот, треба да се работи на модерни, естетски и културно усогласени содржини, кои ќе бидат гордост и за граѓаните и за туристите, стои во партиската реакција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туристички град со светско наследство не смее…
Охрид, 14. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од…
МНР: Се чека на потврда на идентитетот…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија,…
Макрон: Трамп вети дека САД и сојузниците…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека американскиот…
Ние сме земја која има најниска цена…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку…
Четиригодишно дете се затруло со детергент во…
Уште еден случај на затруено дете во…