Туристка со тешки повреди откако паднала во дупка на градилиште во Охрид

t

Жена туристка вечерва паднала во дупка на градилиште на улицата Партизанска во Охрид, пишува „Охрид 1“.

Според нив, несреќата се случила во близина на објект во изградба, кој не бил соодветно обезбеден.

Жената, по падот, се здобила со тешки повреди и веднаш била пренесена во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ е укажана лекарска помош.

Засега нема официјални информации од надлежните институции, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туристка со тешки повреди откако паднала во…

Жена туристка вечерва паднала во дупка на…

Воз со стотина патници излета од шини…

Неколку лица загинале, а најмалку тројца се…

Повредени три лица во сообраќајка во Скопје

На 26.07.2025 во 20.45 часот во СВР…

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кисела…

На 26.07.2025 во СВР Скопје било пријавено…