Турковиќ: Кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина е историска шанса

t

Одлуката на Европската комисија да му препорача на Советот на Европската Унија, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус е добредојдена и историска за нашата држава и за граѓаните, вели министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ во објава на Фејсбук.

„Ова е силна порака за граѓаните на Босна и Херцеговина, на што се надевавме и претходно, дека нашата иднина е внатре во европското семејство”, истакна Турковиќ на Фејсбук.

Таа ги поздрави напорите на земјите членки на ЕУ за на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус, со што би се поттикнале реформи и исполнување неопходни услови пред отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Турковиќ смета дека оживувањето на овој процес е од витално значење за граѓаните и за државата, како и за стабилизацијата на целиот регион

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…

По повод трагичниот пожар во дискотеката во…

ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…

Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…

ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…

Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…

Фон дер Лајен: ЕУ треба да се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…