Објавено на:

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул под обвинение за навреди кон претседателот Ердоган

t

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во Истанбул под обвиненија за „навреди кон претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство, прекршување на забраната за собирања и демонстрации и непочитување на полицијата“, јави Анадолија.

Акцијата е спроведена рано утринава откако Главното обвинителство на Истанбул изготви список со 41 осомничено лице што учествувале на протестите во областа Сарачхане претходната вечер. Подоцна во текот на денот биле уапсени уште 14 лица, со што вкупниот број приведени се зголеми на 55.

– Ги осудувам оние што користат недоличен јазик против нашиот претседател, неговата покојна мајка и семејството. Таков дрзок и навредлив говор му доликува само на оние што не веруваат во заедничките вредности на нашата нација, демократијата и владеењето на правото, изјави турскиот вицепремиер Џевдет Јилмаз.

Раководителот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун, исто така, ги осуди навредите кон Ердоган, нарекувајќи ги нивните автори „неморални и неуки“.

И покрај забраните за собирања и демонстрации што важат во Истанбул, Измир и Анкара, синоќа, по шести пат, во овие и други големи турски градови се одржаа масовни протести. Сарачхане, каде што се наоѓа Големата истанбулска општина, останува главното собиралиште на демонстрантите.

Причина за незадоволството на граѓаните е апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на неколку членови на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП)). Од 19 март досега се уапсени над 1.100 лица, меѓу кои и новинари, а повеќе од 100 полицајци биле повредени во судирите со демонстрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…

Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…

Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…

„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…

И покрај забраната за собири и протести,…

Во Турција уапсени 343 лица, опозицијата повикува…

Еден ден по огромните протести во Турција…