Турската полиција спречи терористички напад во Истанбул

Турската полиција денеска уапси припадник на таканаречената Исламска држава (ИД) во Истанбул, осомничен за планирање бомбашки напад, јавуваат локалните медиуми.
Според турската телевизија НТВ, антитерористичките единици започнале операција откако откриле дека ИД планира терористички напад во Истанбул. Истрагата открила дека осомничениот влегол во земјата нелегално, откако поминал терористичка обука во Сирија и дека делувал по наредба на високи функционери на ИД, кои му наложиле да го изврши планираниот напад.
За време на рацијата во неговиот стан во квартот Бајџилар на европската страна на градот, полицијата пронашла меч скриен под креветот на осомничениот и запленила многу документи и дигитални материјали поврзани со терористичката организација.
Турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација во 2013 година, а турската полиција редовно спроведува антитерористички операции против нејзините припадници низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај -Претседателот на националното…
Во земјава денеска во официјална тридневна посета…
Продолжен прекинот на огнот меѓу Турција и…
Прекинот на огнот меѓу Турција и Сириските…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Силен земјотрес во Турција
Силен земјотрес со интензитет 4,5 степени според…
Се судрија воени хеликоптери на Турција, меѓу…
Несреќата се случила за време на тренинг…