Објавено на:

Турскиот амбасадор во Приштина: Нема воено решение за Косово

t

Турскиот амбасадор во Косово, Сабри Тунч Ангили, оцени дека е потребно дипломатско решение за трајна стабилност на северот на Косово, нагласувајќи дека неговата земја го поддржува процесот на деескалација на северот, што, како што вели, ќе го отвори патот за продолжување на дијалогот, пренесува Репортери.


„Нема воено решение за ова прашање. Само дипломатско решение ќе обезбеди трајна стабилност. Затоа, сите страни мора да работат на постигнување напредок во процесот на дијалог. Ескалацијата не е од помош“, рече Ангили.

Говорејќи за деескалацијата на северот, турскиот амбасадор нагласува дека нови локални избори со учество на Срби ќе придонесат за стабилизирање на ситуацијата на терен и преговорите меѓу двете страни.

„Изборите на север со целосно учество на српското население ќе ја дадат потребната основа за значајни преговори. Турција ќе биде подготвена да придонесе во овој процес доколку двете страни го сакаат тоа“, рече тој.

Ангили вели и дека Турција секогаш ќе биде сигурен партнер на Косово и дека воената соработка со Приштина во рамките на НАТО не значи конфронтација со која било друга земја, вклучително и Србија.

„Засега нови воени набавки не се на нашата агенда. Важно е нивната цел да биде одбраната и нашата одбранбена соработка да биде целосно усогласена со рамката на НАТО, а не против која било трета земја, вклучително и Србија“, рече амбасадорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој…

Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти…

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…

ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…

Посебен режим на сообраќај -Претседателот на националното…

Во земјава денеска во официјална тридневна посета…