Турскиот државјанин кој беше донесен во „Мајка Тереза“ со тешки повреди, паднал од висина додека работел на градежен објект во Скопје
СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој вчера (23.09.2025) околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ беше пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал.
Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, пронајдено е возилото “хонда сивик” и Х.М., кој го донел повредениот во болницата. Извршени се службени разговори и обдукција во Институтот за судска медицина и утврдено е дека
починатиот турски државјанин додека работел на објект во изградба во населбата Стопански двор во Скопје, паднал од висина.
За настанот е известен Инспекторат за труд и јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турскиот државјанин кој беше донесен во „Мајка…
СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот…
Иран во ОН: Не сакаме нуклерано оружје
Иран нема намера да произведува нуклеарно оружје,…
(Видео) Далеку е Америка, вели Славески: Каматите…
Далеку е Америка, ова го изјави гувернерот…
Поранешен руски функционер пронајден мртов во конзулат…
Поранешниот руски функционер Борис Авакјан, кој вчера…
Коста Кецмановиќ ќе продолжел да пука доколку…
Малолетникот осомничен за масакрот во белградското училиште…