Турскиот МНР: ЕУ не може да биде глобален актер без Турција

t

Односите меѓу Турција и Европската Унија не треба да бидат заложници на интересите на одредени земји, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, јави агенцијата Анадолија.

– ЕУ не може да биде глобален актер без Турција, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во Анкара.

Турција очекува ЕУ да ја покаже потребната волја и да дејствува похрабро за унапредување на меѓусебните односи, порача Фидан.

– Нема промена во перспективата за членство на Турција во ЕУ. Тоа е многу силна политичка волја, додаде тој.

Вархеји, кој е во дводневна посета на Анкара за да разговара за билатералните односи и соработка, рече дека верува оти односите меѓу ЕУ и Турција може да се подобрат по воспоставувањето на новата влада во Анкара.

Потенцирајќи дека односите со Турција отсекогаш биле од клучно значење, Вархеји рече дека ЕУ била заедно со турскиот народ и земја кога станува збор за мигрантската криза и санирањето на последиците од разорните земјотреси и оти заедно реагирале на настаните во овој стратешки важен регион и соседство.

– Како што рече почитуваниот министер Фидан, Република Турција е наш пријател, рече Вархеји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската полиција употреби водени топови против студентите…

Студентите утрово се собраа во близина на…

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…

Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…

Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…