Турските резервни сили го напуштаат Косово

t

Единицата на турската армија, која по настаните на северот во јуни, на барање на НАТО беше распоредена на Косово како резервна единица, се враќа во Турција, соопшти Министерството за одбрана во Анкара.


Во соопштението се потсетува дека по настаните на Косово во јуни, на барање на Здружената команда на НАТО, во регионот како резервна единица беше распореден командоскиот баталјон на 65-та механизирана пешадиска бригада, претходно доделен на силите на КФОР.


„Нашата единица даде голем придонес во воспоставувањето на мирот на Косово, во периодот од 10 јуни до 31 август, откако на 6 јуни беше префрлена во касарната „Султан Мурат“ на Косово и успешно ја изврши својата должност“, се вели во соопштението.
Се потсетува дека Турција ја презема командата на КФОР на 10 октомври годинава.


Се вели и дека Турција ќе продолжи да ги исполнува своите обврски и придонеси кон НАТО.
„Турција продолжува да придонесува за регионалниот и глобалниот мир и стабилност во рамките на нејзините билатерални односи со Обединетите нации, НАТО, Европската Унија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Турција внимателно ги следи настани на Балканот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…

Во петокот рано наутро дошло до пукање…

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Србија ги прати во Косово посмртните останки…

Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…

Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…