Турски државјанин донесен со тешки повреди во „Мајка Тереза“ – возачот го оставил и исчезнал, мажот починал

t

Во вторникот починал 61-годишен турски државјанин откако бил донесен со тешки телесни повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен околу 16:40 часот во вторникот. Повредениот М.А.О. бил донесен со приватно возило, а лицето кое го превезувало веднаш потоа го напуштило местото и исчезнало.

И покрај обидите за укажување лекарска помош, мажот околу 19:30 часот им подлегнал на повредите.

Лекарите констатирале смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турски државјанин донесен со тешки повреди во…

Во вторникот починал 61-годишен турски државјанин откако…

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница

Почина седумгодишно девојче кое било на болничко…

Скопјанец го натепал сопствениот татко

Нов случај на семејно насилство бележи скопската…

Скопјанец возел пијан, со активна забрана за…

Лишен од слобода скопјанец, возел пијан, со…

Скопјанец си ја претепал 55-годишната мајка

Скопјанка на возраст од 55 години пријавила…