Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска, пронајдено е телото на пилотот
Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.
Дирекцијата за цивилна заштита доби извештај за исчезнувањето на авионот од радарот од Хрватската контрола на воздушната пловидба во 16:53 часот, а во 17:11 часот пристигна извештај за падот и пожарот.
Од таму информираат дека и телото на пилотот е пронајдено.
Два турски авиони „Ер-трактор“ летале од правец на Риека кон Загреб, но се свртеле поради маглата.
Едниот слетал на аеродромот на островот Крк, а другиот исчезнал околу 17:10 часот.
„Денес, на 13 ноември 2025 година, во 16:53 часот, оперативниот центар за цивилна заштита доби информација од хрватската контрола на летање за исчезнување од радарот на турскиот авион „Ер Трактор АТ-802“, кој беше на повратен лет Риека-Загреб-Риека, и започна операција за пребарување и спасување на авионот“.
„После тоа, во 17:11 часот, Окружниот центар 112 Госпиќ доби пријава за пад на авион во пламен и веднаш ги извести службите за итни случаи, а полицијата, пожарникарите, службите за итна медицинска помош и координаторот на местото беа испратени на терен“, објави раководителот на Регионалната канцеларија за цивилна заштита Госпиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска,…
Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во…
Загреб ги забрани усташките симболи, слогани и…
Градското Собрание на Град Загреб денеска гласаше…
Хрватска е подготвена целосно да ја снабдува…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ остро реагираше на…
Хрватска влегува во последна фаза од производство…
Хрватска влегува во последната фаза од воспоставувањето…
Жена во Хрватска си го уби мажот…
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина…