ТУРЦИТЕ И ВО ЈУНИ СЕ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ ВО ЗЕМЈАВА: Бројот на туристи во првата половина од годинава е зголемен за 11,1%

t

Бројот на туристи во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 11,1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,3%, а кај странските има зголемување за 14,4%, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевања во првите шест месеци споредено со истиот период лани е зголемен за 9,9%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3%, а кај странските има зголемување за 11,8%.

Само за еден месец, во јуни, во земјава се регистрирани 119.751 туристи. Од нив 23,0% се домашни туристи, а 77,0% се странски туристи.

Туристите направиле 245.249 ноќевањата во јуни. Од нив 27,6% се од домашните туристи, а 72,4% од странските туристи.

И во јуни најголем број туристи дошле од Турција (33.757), Србија ( 7. 909 ) и од Холандија (4.340). повеќе од 3000 туристи дошле и од Германија, Грција и од Полска, а повеќе од 2.000 туристи се регистрирани од САД, Романија и од Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТУРЦИТЕ И ВО ЈУНИ СЕ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ…

Бројот на туристи во периодот јануари –…

Се бара 80-годишната Олгица Димитровска

Од вчера од утринските часови се трага…

Невработеноста во светот падна на 13 отсто,…

Невработеноста на младите ширум светот минатата година…

Приведен дилер од кумановско за издржување казна…

На 11.08.2024 во 12.30 часот во с.Романовце,…

Кој е најскап град за живеење во…

Изненадување за сите кои живеат во Лондон,…