Турците не ги признаваат резултатите од пописот
Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Македонија не ги признава и не ги прифаќа објавените бројки и проценти за турците во пописот и истите ги означи за нерелани.
Оттаму велат дека во текот на процесот многу пати го изразиле нивното незадоволство околу методологијата, недостатоците при пописот, недоволен број на турци попишувачи и инструктори, прекини и со денови нефункционирање на апликацијата за попишување во земјава и во странство, проблемите со преводот и недостатоците во софтверот, недоволна информираност на населението за пописот, притисоците и манипулациите на терен и фактот дека многу граѓани не се избројани односно попишани.
„За горенаведените проблеми, пропусти и забелешки беа информирани сите надлежни институции, органи и претставништва на странски мисии во нашата држава. Нашите барања беа занемарени и игнорирани. Ваквиот пристап на надлежните институции го засенија целокупниот пописен процес.
Доколку беа земени предвид нашите барања и забелешки согласно Уставот и законите, првично од Државниот завод за статистика, ќе беа решени повеќе од горенаведените проблеми и пропусти. За жал овој Попис ќе се памети како занемарен од надлежните институции со многу неодговорени прашања и игнорирање на нашите барање. Од горенаведеното може да се заклучи дека се повредени правата на турскиот народ кој е еден од државнотворните народи на РСМ и еднаков со другите”, истакнаа од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Северна Македонија.
Според нив, повредени се следниве Уставни одредби: „Член 8 ставовите 2 (слободно изразување на националната припадност), 3 (владеењето на правото) и 11 (соодветна и правична застапеност на граѓаните), член 9 ставовите 1 (Граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата) и 2 (Граѓаните пред Устав и законите се еднакви), член 48 ставовите 1 (Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници…) и 2 (Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници), член 50 став 3 (граѓаните имаат право да бидат запознаени со човековите права и слободи), член 52 став 2 (секој е должен да ги почитува уставот и законот). Од Законот за попис 2021 повредени се следниве законски одредби: Член 16 (Државниот завод за статистика се грижи за законитоста во подготовката, организацијата и спроведувањето на Пописот во согласност со одредбите од овој закон и врши надзор над работата на лицата – учесници во Пописот), член 30 став 6 (При изборот на попишувачите и реонските инструктори ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во пописниот реон) и член 34 ставовите 1 (Апликацијата со која ќе се врши попишувањето ќе биде изготвена на 7 (седум) јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.) и 2 (Попишувањето се врши на јазикот што го избира лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците.)”, велат тие.
Од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Северна Македонија велат дека од целокупниот процес јасно произлегува дека е постапувано согласно принципите за правичност, еднаквост и транспарентност, по што може да се воочи дека уште еднаш се разниша довербата кон правосудниот систем.
„На 1 декември 2021 година претседателот Стево Пендаровски при своето обраќање по повод на 15-годишнината на Академијата за судии и јавни обвинители, потенцираше дека довербата на граѓаните кон правосудниот систем и еднаквоста пред законите се исклучиво на ниско ниво, а истото го потврдуваат извештајите и анализите на странските и домашните институции и организации. Искажаната загриженост пред и за време на пописот за жал денес е потврдена. Објавените резултати и проценти не ја претставуваат вистинската слика на турскиот народ во земјава, односно бројките и процентите се потценети”, се вели во соопштението.
„Нагласуваме дека во врска со пописните резултати максимално ќе ги искористиме сите законски и демократски права, и приговори во наредниот период”, соопштија од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во РСМ.
Инаку, ова тело го сочинуваат сите турски невладини организации, политички субјекти од турската заедница, истакнати турски интелектуалци, универзитетски професори и други влијателни личности од турската заедница во земјава, а е оформено со почетокот на Пописот во 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…