Турција влезе во рецесија во третиот квартал

t

Турција влезе во рецесија во третиот квартал, покажаа податоците на Заводот за статистика, при што потрошувачката на граѓаните е намалена под притисокот на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Во периодот од јули до септември, економската активност е намалена на тримесечно ниво, според сезонски и календарски прилагодени податоци, за 0,2 отсто, како и во претходните три месеци, утврди Заводот за статистика.

Тоа значи дека Турција е во рецесија, што технички се дефинира како пад на активноста два последователни квартали. На годишно ниво, економијата во третиот квартал порасна за 2,1 отсто, по ревидираниот раст од 2,4 отсто во претходните три месеци, пренесува Мина, повикувајќи се на Бизнис.ба.

Податоците покажуваат послаба побарувачка, особено за услуги, под притисок на високите каматни стапки. Во јуни минатата година, централната банка започна циклус на затегнување на монетарната политика, зголемувајќи ги каматните стапки од 8,5 на сегашните 50 отсто, со цел да ја спречи високата инфлација. Во октомври цените пораснале за 48,58 отсто на годишна основа.

Градежништвото и финансиските услуги ја поддржаа економијата во летниот квартал, покажуваат податоците на заводот за статистика.

Турската економија во изминатите години растеше меѓу четири и пет отсто, но годинава растот забави. Министерот за финансии Мехмет Шимшек рече дека растот повторно ќе се забрза во втората половина на следната година.

Централната банка одделно соопшти дека високите трошоци за задолжување ја „избалансирале“ домашната побарувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај -Претседателот на националното…

Во земјава денеска во официјална тридневна посета…

Продолжен прекинот на огнот меѓу Турција и…

Прекинот на огнот меѓу Турција и Сириските…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес со интензитет 4,5 степени според…

Се судрија воени хеликоптери на Турција, меѓу…

Несреќата се случила за време на тренинг…