Турција испраќа нова помош за Појасот Газа

t

Турција испраќа нова помош за Појасот Газа, јавуваат турските медиуми. Помошта главно вклучува лекови и медицински материјали.

Тие ќе бидат испратени во Египет со авиони на турските воздухопловни сили, од каде ќе бидат испорачани во Појасот Газа, информира државната телевизија ТРТ-Хабер.

Пакетите со помош се подготвени по наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Продолжуваме да допираме до луѓето од Појасот Газа.

За испорака на помошта ќе бидат извршени вкупно четири летови“, се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.

Министерството информираше дека првиот авион денеска веќе заминал за Египет од воздухопловната база Етимесгут, Анкара.

Претходно, на 13 октомври беше испратен авион со хуманитарна помош собрана од турската хуманитарна организација ИХХ, Црвената полумесечина, Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…