Турција најави производство на брз воз кој ќе може да се движи со 225км/ч
Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.
– Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници, рече Уралоглу.
Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ставен на шините“, јави Анадолија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…