Турција сѐ уште сака да посредува во организирањето мировните преговори меѓу Русија и Украина
Турција и натаму е подготвена да организира и спроведе мировна средба на врвот меѓу Русија и Украина. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорот со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Истанбул, јавија турските медиуми.
„За жал, нашата дипломатска иницијатива преземена во 2022 година во Истанбул не даде резултати. Војната меѓу Украина и Русија треба да заврши со преговори. Подготвени сме да одржиме мировна средба на врвот на која ќе учествува и Русија“, рече Ердоган, цитиран од државната ТВ ТРТ-Хабер.
Претседателите на Турција и Украина Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски денеска се сретнаа во Истанбул. Средбата започна околу 19:30 часот по турско време во палатата Долмабахче. Средбата на двајцата лидери траела околу час и половина, информира турската телевизија НТВ.
Ердоган денеска изјави и дека со украинскиот лидер Володимир Зеленски разговарал за договорот за жито и за безбедносната ситуација во Црното Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…