Турција ја презема командата на КФОР, нов командант генерал Улуташ
Турција од денеска ја презема командата со мировните трупи на НАТО во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.
Церемонијата на примопредавањето на командата се одржа во кампот Филм Сити во Приштина.
Нов командант на КФОР, 28. по ред од формирањето на мисијата во 1999 година, ќе биде генерал-мајор Озкан Улуташ.
Во изминатата година командата на КФОР ја имаше Италија, а командант во тој период беше генерал-мајор Анџело Микеле Ристучи.
На церемонијата присуствуваа министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечла, верски лидери и други високи државни личности, како и командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, адмирал Стјуарт Б. Мунш. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…