Турција ќе ги преземе болните од рак откако се затвори болницата во Газа
Здравствените власти вчера соопштија дека болницата, која беше единствената болница за лекување на рак во Појасот Газа, морала да се затвори поради израелското бомбардирање на опколената енклава, објавуваат медиумите во светот.
Во меѓувреме, во изјава на платформата за социјални пораки „X“, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа рече дека доколку се направи потребната координација, Турција е подготвена да донесе и пациенти со рак и други на кои им е потребна итна помош во Турција за да продолжат со нивното лекување.
-Подготвени сме да ја дадеме сета поддршка за продолжување на лекувањето на болните од рак кои поради недостиг на средства беа насилно отпуштени од болницата. За жал, меѓународната заедница и релевантните институции не презедоа доволно иницијатива за да се спречат нападите врз болницата. Животот на пациентите сега е должност од која не може да се побегне – рече Коџа.
Претходно Обединетите Арапски Емирати објавија дека планираат да лекуваат 1.000 палестински деца од Газа, без да прецизираат како тие да отидат од енклавата во заливската држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…