Турција ќе гради осум полски болници во близина на Газа

Брод со генератори, амбулантни возила и други медицински средства од Турција денеска пристигна на пристаништето Ал Ариш, во близина на граничниот премин Рафа, меѓу Египет и Појасот Газа, по што турските медицински лица ќе почнат да градат осум полски болници.
Ова е прв ваков брод со хуманитарна помош што пристигнува во Египет по избивањето на војната на 7 октомври меѓу палестинската група Хамас и Израел.
Светската здравствена организација тврди дека болницата Ал-Шифа во градот Газа „повеќе не функционира како болница“, а слични извештаи пристигнуваат и од други установи, особено за недостигот на залихи и електрична енергија и за секогаш присутната опасност по животот поради борбите.
Неименуван турски здравствен претставник изјави дека египетските власти и дале зелено светло на Анкара да изгради теренски болници во Ал Ариш, што се наоѓа на околу 40 километри од границата со Рафа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…
Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…
Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…
Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…
Нетанјаху разговарал со Рубин за продолжување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал…
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…
„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…
И покрај забраната за собири и протести,…