ТУРЦИЈА ЌЕ ИМ СЕ ОДМАЗДИ НА ФАНОВИТЕ НА БЕШИКТАШ? Можно е идните натпревари да се играат без каква било публика

t

Навивачите го пренесоа гневот на турските граѓани кои ја обвинуваат власта во оваа земја за трагедијата со земјотресите.

Тажната слика од играчки и кукли кои фановите на Бешикташ ги фрлија за време на мечот со Анталијаспор, во знак на поддршка за преживеаните деца од земјотресот, го обиколи светот. Навивачите го пренесоа гневот на турските граѓани кои ја обвинуваат власта во оваа земја за трагедијата со земјотресите. Но, тие фанови сега се соочуваат со одмазда.

Медиумите пишуваат дека турските власти, преку Фудбалскиот сојуз на Турција планираат целосно да забранат присуство на гледачи за натпреварите од Суперлигата. Дури и во моментот, постои препорака до клубовите да не се примаат гостински навивачи од четирите најголеми клубови, Истанбул, Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ.

Останува да се види како ќе заврши оваа драма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…