Објавено на:

Туск: Во свет каде секој може да се купи, секого можат и да продадат

t

Полскиот премиер Доналд Туск денеска им порача на политичарите кои мислат дека е време за сила и политика заснована на логиката на комерцијалните трансакции, дека „во свет каде што секој може да се купи, исто така секого може и да го продадат“.

-Од време на време слушам мислења дека е време за политика заснована на трансакции и за договор на големите сили. Оние кои мислат дека можат да купат секого, нека поведат сметка дека според оваа филозофија секој може и да биде продаден, напиша Туск на мрежата X.

Притоа, тој повтори дел од својата порака од минатонеделната Минхенска конференција за безбедност, каде што рече дека не смее да се дозволи некој однадвор или од самиот Запад да ги уништи фундаменталните вредности и се спротивстави на гласовите дека Европа се урива, дека НАТО е застарен, дека светскиот поредок треба да се уништи затоа што настапи ерата на „трансакциска политика“ и сила.

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, по тој повод на Минхенската безбедносна конференција во дебатата за раздорот внатре во Европа, ги обвини САД дека со Доналд Трамп на чело се обидуваат да ги наметнат своите вредности, занемарувајќи го фактот дека во Европа од различни историски причини не е можна неодговорна и апсолутна слобода на говорот и пропаганда, на пример, на нацизмот

-Веруваме во слободата на говорот, но со одговорност. И еве, пред една година, потпретседателот на САД (Џ.Д. Венс) ни објасни дека нашиот концепт за слобода на говорот е цензура. Јас не го прифаќам тоа. Едната страна од Атлантскиот Океан се обидува да ги наметне своите вредности на другата. Ова е неприфатливо, рече Шикорски во Минхен.

Полскиот министер ги обвини американската администрација и претседателот Трамп за директно мешање во изборите и изборните кампањи во Европа. Како пример, тој ја наведе отворената поддршка за Карол Навроцки, националистичкиот кандидат за претседател на Полска, која пресуди Навроцки да биде избран минатата година, иако со минимална предност пред противникот.

-Порано не се мешавме во внатрешните работи на сојузниците, се мешавме во име на демократијата во работите на автократиите. Сега е обратно. Скандалозно е, рече Шикорски и потсети дека Полска до недодамна со години беше пример дека и владата и опозицијата, која и да беше, беа подеднакво проамерикански настроени, додека сега, кога САД почнуваат да избираат страна, расположението во Полска станува поинакво.

Додека во 2023 година, според анкетата на агенцијата ИРБИС, САД уживаа доверба кај 72 проценти од Полјаците, а само два проценти изразија негативни ставови, најновите анкети по една година власт на Трамп во Белата куќа покажаа пад на довербата во американскиот сојузник на 49 проценти, 11 проценти го гледаат негативно, а 41 процент од анкетираните сега се рамнодушни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск: Во свет каде секој може да…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска им порача…

Администрацијата на Трамп објави список на познати…

Администрацијата на Трамп е обвинета за „намерно…

Миноски: Македонија нема проблем со луѓето, туку…

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во…

Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата…

Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски,…

СДСМ: 74 тендери за една фирма за…

Опозициската партија СДСМ обвинува дека актуелната власт…