Уапсена Бугарка во Рим, со секира им се заканувала на патници во метро

Бугарска државјанка е уапсена денеска откако им се заканувала на патниците со секира во метрото во Рим.
Жената најпрво им се заканувала на патниците, а потоа ги нападнала и дежурните безбедносни лица, мавтајќи со секира со која ја оштетила оградата на влезните скали на метро станицата „Сан Џовани“, пренесе БГНЕС.
Луѓето трчале кон вагоните. Карабинерите биле повикани на местото на настанот и ја уапсиле 32-годишната жена откако била разоружана од чуварите. Пред тоа, држејќи секира во рацете, им се заканувала на членовите на обезбедувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Експлозија во Рим: Се урна дел од…
Дел од трикатница во римскиот кварт Монтеверде…
19- годишна Бугарка глумела „докторка“ во болница…
Случајот со К.Здрафкова, родум од Бугарија, неодамна…
Наезда на змии и стаорци во Рим…
Зоологот од Рим, Андреа Лунерти изјави дека…
Уапсена Бугарка во Рим, со секира им…
Бугарска државјанка е уапсена денеска откако им…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…