Уапсена скопјанка која ја натепала сопствената мајка

t

Уапсена скопјанката која ја натепа својата мајка во семејниот дом во Гази Баба. Одреден и е притвор.

Како што информираат од МВР, вчера (25.09.2025) Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда.

Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од осум дена, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена скопјанка која ја натепала сопствената мајка

Уапсена скопјанката која ја натепа својата мајка во семејниот…

Вршителката на должност Амбасадорка на САД, Никол…

Вршителката на должност Амбасадорка на САД Никол…

Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на…

Oбвинет Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ

Поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ),…

Унгарија официјално ја прогласи Антифа за терористичка…

Унгарската влада одлучи да ја прогласи Антифа…