Уапсена француска градоначалничка, дома чувала 70 килограми марихуана
Француската полиција ја уапси градоначалничката на градот Авалон откако во неделата во нејзиниот дом беа пронајдени 70 килограми канабис, објавија АФП и ТВ БФМ, повикувајќи се на полициски извори.
Џамила Хабсауи е градоначалник на Авалон, од 2021 година, град со околу 6.000 жители на приближно 250 километри југоисточно од Париз во регионот Бургоњ-Франш-Конт. Таа исто така е регионален советник. Во нејзиниот дом е извршен претрес во рамките на прелиминарната истрага за трговија со дрога.
46-годишната политичарка го купила имотот пред три години, но не живее таму, објави L’Yonne Republicaine, локален весник. Се додава дека бил извршен претрес и во градското собрание на Авалон.
Вкупно седум лица се приведени во операцијата, вклучително и двајца браќа на Хабсауи, објави АФП, цитирајќи го јавниот обвинител на Оксер, Хјуг де Фили. На неколку локации се запленети 983 грама кокаин, 7.000 евра во кеш и околу 20 златни прачки.
Рацијата била дел од пошироката кампања против наркотици наречена „Place net XXL“, која беше лансирана претходно оваа година. Извршени се околу 473 рации, што доведе до апсење на над 7.000 осомничени и конфискација на 3,6 метрички тони дрога, напиша министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на X (поранешен Твитер) во неделата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица
Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…
Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…
Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…
Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…
Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…
Пад на еврото по изборите во Франција
Еврото падна по вториот круг од парламентарните…
Пет можни сценарија по изборите во Франција…
Откако левиот блок освои најмногу мандати во…