Уапсени двајца Германци на Табановце, полицијата им пронашла дрога во возилата
Лишени од слобода двајца германски државјани на Граничен премин Табановце во чиј возила е пронајдена дрога.
Како што информираат од МВР, вчера (17.09.2025) во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишиле од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија. Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени двајца Германци на Табановце, полицијата им…
Лишени од слобода двајца германски државјани на…
Започнаа масовни протести во Франција – над…
Веќе од утрово во Франција ескалира големиот…
Со последните две години од средното образование…
По многу години пауза, од следната учебна…
Макрон ќе понуди научни докази пред американскиот…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга…
25 пожари на отворен простор – гори…
До седум часот, на територијата на Македонија…