Уапсени двајца студенти по протестите кај РТС – колегите им даваат поддршка пред полицијата

t

Во Белград вечерва е уапсени двајца студенти по протестите што се одржаа пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС), пренесе телевизијата N1. Како што јави нивната репортерка, уапсените се Лука Пешиќ, студент на Машинскиот факултет, и уште еден студент од Факултетот Унион.

Десетици студенти и граѓани се собраа пред полициската станица „Стари град“, на улицата Мајке Јевросиме, барајќи веднаш да бидат ослободени нивните колеги.

Адвокатот Растко Наумов изјави дека ќе бидат земени изјави од уапсените и дека, како што рече, „многу веројатно е дека двајцата ќе бидат пуштени на слобода“.

Полицијата во опрема за разбивање демонстрации ги потисна присутните на тротоарот со цел да го одржи протокот на сообраќај. Како што јавува репортерката, дополнителни полициски сили пристигнале на локацијата.

Сѐ уште нема официјални податоци колку лица се приведени по денешните протести, а полицијата не можеше да прецизира колку лица се доведени во станицата на Стари град.

Денеска низ Србија, вклучително и во Белград кај зградата на РТС, беа одржани паралелни протести – едни во поддршка на студентските блокади, а други против нив. Протестите беа напнати, со неколку инциденти, приведувања и зголемено присуство на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени двајца студенти по протестите кај РТС…

Во Белград вечерва е уапсени двајца студенти…

Денис Родман открива: „Путин сакаше да организира…

Иако остави трага во спортот како машина…

Таравари: Албанија и Црна Гора одат напред,…

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,…

Чернобил повторно над Европа?

Најголемата нуклеарна централа во Европа – Запорожје…

Ахмети: Мицкоски со кучиња оди на лов…

Конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“,…