Уапсени двајца тетовци – не застанале на наредба, оштетиле возило бегајќи, а еден од полицајците морал да пука предупредувачки во воздухот
Вчера, околу 15 часот, на улицата 120 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 43-годишниот А. Х. и 46-годишниот Џ. Ш. од Тетово, извести МВР.
„Тие, претходно, на улицата Благоја Тоска во Тетово не застанале на нивна наредба и со возило ‘фолксваген голф’, со тетовски регистарски ознаки, продолжиле да се движат кон улицата 121. Бегајќи од полициските службеници, тие оштетиле товарно моторно возило ‘форд транзит’, со тетовски ознаки, а еден од полициските службеници испукал во воздухот два предупредувачки куршума за да застанат“, соопшти МВР.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат изготвени поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење
Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината…
(Видео) Ова се талентите кои се тепаа…
На 20.06.2025 околу 14.00 часот во СВР…
Колку е важен Ормутскиот теснец за светот…
По американското бомбардирање на три нуклеарни постројки…
Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно…
По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ и…
Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет…
Францускиот претседател Емануел Макрон планира состанок на…