Уапсени пет лица во тетовско и гостиварско, кај нив пронајдена дрога
Лишени се од слобода пет лица од тетовско и гостиварско, кај нив се пронајдени марихуана и кокаин, информираа од полицијата.
Изминатата ноќ во 02:25 часот на улица „Благоја Тоска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(20) од Тетово затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
Половина час по полноќ на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Н.(34) од Гостивар затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
Во исто време во село Калник, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода од Е.Р.(20) од с.Јеловјане зато што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
На 12.09.2025 во 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.И.(32) и А.У.(31), двајцата од с.Теново, тетовско, затоа што кај нив е пронајден и одземен кокаин.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени пет лица во тетовско и гостиварско,…
Лишени се од слобода пет лица од…
Приведено едно лице поради сомнение за посредување…
На 11.09.2025 во периодот од 12:00 до…
Самка Ибраимоски е кандидат за градоначалник на…
Поранешниот заменик министер и пратеник, Самка Ибраимоски,…
Лишени од слобода напаѓачите на двајца малолетници…
Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти…
Лишен од слобода малолетник во тетовско, пронајдена…
Лишен од слобода малолетник во тетовско, пронајдена…