Уапсени пет лица за поседување на бела прашкаста материја и марихуана

t

Денеска (29.09.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Исто така во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Денес во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 28.09.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.А.(43) од с.Радишани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Истиот ден во 21 часот во Скопје, на место викано „Три Круши“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени пет лица за поседување на бела…

Денеска (29.09.2024) во 01.40 часот во Скопје,…

(Фото) Вардар повторно разочара, навивачите бараат одговорност…

Фудбалерите на Шкендија беа подобри од скопскиот…

Тотален колапс на украинските сили во Угљедар:…

Додека шефот на режимот во Киев, Владимир…

Кој ќе го наследи Насрала како лидер…

Меѓу преостанатото раководство на групата Хезболах нема…

„Се дисквалификуваа сами“: Захарова откри што се…

Во ходниците на Обединетите нации наведуваат дека…