Уапсени се 17 лица затоа што пуштале музика додека трае седумдневна жалост

t

МВР информира дека вчера и денеска на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Притоа, како што се вели во соопштението, на подрачјето на Скопје приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект.

На подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно.

Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…