Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрога

t

Двајца Турци уапсени синоќа во скопски Карпош. Незаконски престојувале во земјава, а кај едниот од нив полицијата пронајде и дрога.

Како што соопштија од полицијата, вчера во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода У.Џ.К.(28) и М.С.(35), двајцата од Република Турција, затоа што при извршена проверка било констатирано дека двајцата го пречекориле престојот во државата, а притоа кај У.Џ.К. била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодвеетни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во…

Двајца Турци уапсени синоќа во скопски Карпош.…

Забележан манијак во Центар, се соблакал пред…

Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје,…

Физички нападнато дете од негов соученик во…

Ученик бил нападнат во основно училиште во…

Со велосипед се судрил со „шкода“, се…

Вчера во 23.10 часот во СВР Скопје,…