Уапсено момче кое носело пиштол, а со него била малолетничка по која трага полицијата

t

Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало малолетно 14-годишно девојче за кое имало пријава дека се оддалечило од нејзиниот дом.

– Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(19) од Куманово. При преглед кај него било пронајдено огнено оружје и со него била затекната 14-годишна девојка за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираше СВР Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Претходниот ден, триесет и четиригодишната А.Ф. пријавила во полицијата дека нејзината 14 – годишна ќерка се оддалечила од нивниот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсено момче кое носело пиштол, а со…

Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало…

Трамп: Во првите две минути од средбата…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека украинскиот…

Петмина повредени меѓу кои и тримесечно бебе…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Шефот на Пентагон: Ќе има болни отстапки…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави…

(Видео) Полициски службеници го легитимирале новинарите додека…

Новинарските екипи од САКАМДАКАЖАМ.МК и ТВ Телма…