Уапсен директорот на албанската Агенција за државни патишта, Евис Бербери
Според СПАК, Бербери е обвинет за корупција и перење пари.
Тој пред неколку дена поднел оставка од оваа функција, со образложение дека тоа е од лични причини. Пред тоа бил извршен претрес во неговата куќа од каде биле изземени компјутер, мобилен телефон и документи.
Обвинет е за настан од 2018 година, пред Бербери да влезе во Министерството за инфраструктура и енергетика и да биде на чело на Агенцијата.
– Од истрагите на Обвинителството се работи за перење пари и корупција. Приведени се и други лица и бизнисмени кои вршеле перење пари. Станува збор за настан во 2018 година, кога Бербери беше сопственик на фирма пред да влезе во Министерството за инфраструктура. Извршена е фиктивна продажба каде се сомнева дека вршеле перење пари, наведуваат албанските медиуми.
Дел од медиумите неговото име го поврзуваат и со неправилности во спроведувањето на тендери за изградба на патишта.
Бербери беше назначен за директор на Агенцијата за државни патишта во јуни 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…
На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…
Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…
Откако се обрати до нацијата, претседателот на…
Белата куќа објави фотографии од Советот за…
Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…